Тенисерите без Калин Ивановски поразени од Кипар

Македонската тениска Дејвис куп репрезентација со пораз од Кипар го заврши настапот на турнирот од Третата европска зона кој се одржа во Ларнака. Со поразот од Кипар, Македонија остана во Третата европска зона.

Денеска не настапи најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, кој вчера поради повреда го предаде мечот со Молдавецот Александар Козбинов.

Во првиот меч, Амар Хусеиновиќ загуби од Стилијанот Христодулу со 6:1,6:2, а потоа беше поразен и Обрад Марковски. Марковски е совладан од Менелаос Ефстатиу со 6:1,6:2.

- Оглас -

Најнови вести