Тимот на Светот е освојувач на традиционалниот Род Лејвер куп, тениско натпреварување во кое најдобрите играчи од Европа играат против најдобрите тенисери од остатокот на светот.
Ова натпреварување започна во 2017 година, а Европа моментално води со 5:3 во победи. Третата победа на Светот стигна откако на Купот кој се играше во Сан Франциско, тие беа подобри со 15:9 од Европа.
Во двата тима има по шест тенисери кои ги одбраа селекторите Јаник Ноа, односно Андре Агаси, а се играше три дена по интересен систем на натпреварување.
Секој ден имаше по три натпревари во сингл конкуренција и еден во дабл, а бодувањето зависи од денот во кој се игра. Првиот ден, екипите добиваат по еден поен за секоја победа. Вториот ден се добива по два поени за секоја победа, а третиот ден секоја победа вреди по три бода.
По првиот ден Европа водеше со 3:1, за да потоа Светот направи пресврт и во вториот ден ги доби сите четири меча за водство од 9:3. Во решавачкиот трет ден, Алкарас го победи Серундоло и намали на 12:9 во вкупниот скор, а во последниот, решавачки меч Фриц го победи Александер Зверев со 7:6 и 6:3, носејќи три бода за Светот, за конечна победа од 15:9.
Тениските возбудувања сега ќе се преселат во Азија, каде треба да се игра АТП 500 турнирите во Пекинг и Токио.