Тенисерот кој доби службена победа против Ѓоковиќ се избори за полуфинале на Отворенто првенство САД

Шпанскиот тенисер Пабло Карењо-Буста најавува дека може да биде најголемото изненадување на гренслемот Отвореното првенство на САД, откако утрово по голема борба со 3:2 во сетови го победи Денис Шаповалов и се пласираше во полуфиналето. Мечот траеше повеќе од четири часа, а на крајот Карењо Буста победи со 3:6, 7:6 (5), 7:6 (4), 0:6 и 6:3.

За Шпанецот ова ќе биде второ полуфинале на Отвореното првенство на САД, а следен негов противник е Александер Зверев, кој синоќа беше подобар од Хрватот Борна Чориќ.

„Преуморен сум, но сум мнгу среќен. Неверојатно убаво е чувството повторно да се биде дел од полуфиналето во Њујорк. Секогаш се чувствувам одлично на овие терени. За време на периодот кога траеше карантинот, напорно работев и секако затоа пристигнаа и резултатите“, рече Карењо-Буста по победата над Шаповалов.

Карењо-Буста е тенисерот кој играше против Новак Ѓоковиќ во осминафиналето и со играта во првиот сет против најдобриот тенисер покажа дека има квалитет. Нервозата на Ѓоковиќ и кобното удирање на топчето кој судијата се случи токму во моментот кога Ноле го загуби својот сервис и Карењо-Буста поведе со 6:5 во првиот сет и имаше шанса на свој сервис да стигне до 1:0 во сетови. По непромислениот потег на Ѓоковиќ, Шпанецот службено го доби мечот, а со играта во четвртфиналето покажа дека заслужено е меѓу најдобрите четири на турнирот.

Вечерва се играат и преостанатите два четвртфинални дуели.

https://twitter.com/i/status/1303566746306002945

 

 

- Оглас -

Најнови вести