5.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Тениската легенда се откажа од ќерката, таа „работеше“ на сајт за возрасни, а сега е бездомник

Романската тениска легенда и поранешен најдобар играч во светот Илие Настасе (79) се откажа од својата ќерка и таа сега е бездомник. Тој тврди дека не е заинтересиран за нејзините проблеми. Илие Настасе беше најдобар играч во светот во текот на седумдесеттите години од минатиот век и ги освои Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД, додека двапати беше поразен во финалето на Вимблдон.

За време и по неговата играчка кариера тој стана мултимилионер, а парите ги инвестираше во одгледувањето на четирите деца. Сепак, тој повеќе нема никаков контакт со 35-годишната Шарлот и таа стана бездомник во Соединетите Држави.

Како што објавува романскиот „Дигиспорт“, Шарлот живее на улица во САД и ги користи социјалните мрежи за да бара храна и засолниште од пријателите. Поранешниот шампион на гранслем го прекина контактот со својата ќерка откако таа почна да објавува фотографии и содржини за возрасни на платформата OnlyFans во 2021 година.

Тој вели дека ѝ посакува добро здравје, но дека повеќе не е заинтересиран за неа. Додаде дека инвестирал сериозни пари во нејзиното воспитување и образование.

„Ѝ посакувам добро здравје, но ја молам да престане со овие скандали. Таа си оди по својот пат. Јас ѝ помогнав кога ѝ требаше, ѝ платив школарина од речиси половина милион евра. Таа сега е во САД, а јас сум во Романија, веќе не ми е гајле. Секој си има свој живот“, неодамна рече Настасе за својата ќерка.

Настасе доминираше на АТП ранг-листата во 1973 и 1974 година. Тој е дел и од тениската Куќа на славните. Го освои Отвореното првенство на САД во 1972 година, а на Ролан Гарос победи во 1973 година. Има и три титули на гранслем во двојки и две титули во мешани двојки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести