Тенискиот свет во тага, почина човек кој во иста година ги има освоено и Ролан Гарос и Вимблдон

Легендардниот тенисер Едвард Џон Пети, својот животен пат го заврши на 98-годишна возраст. Овој некогашен тенисер е релативно непознат за пошироката јавност, но ќе остане запишано дека во 1950 година, тој ги освои и Ролан Гарос и Вимблдон.

Тој беше најдобар тенисер на светот во годините после Втората светска војна. Во 1957 година, го освои Вимблдон и во двојки, а од 1977 година се наоѓа и во тениската Куќа на славните. Познат е под прекарот „Баџ“, кој го добил затоа што изгледало како да го мрзи да се помрднува.

- Оглас -

Најнови вести