12.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Тензии во Сараево, не сакаат во нивниот град да се игра евролигашки меч

Утре во салата „Зетра“ во Сараево ќе се игра меч од кошаркарската Евролига помеѓу Дубаи и Хапоел Тел Авив, средбата ќе се игра пред празни трибини, а босанските навивачи кои се Муслимани и кои сметаат дека Израел врши терор врз луѓето во Газа, протестираат и не сакаат во нивниот град да игра тим од Израел.

Гостувањата на Хапоел се проблематични, освен Дубаи, и други клубови мораа да бараат алтернативи или да играат во празна сала.

Навивачката група „БХ Хулиганс“ бара од кантонот Сараево да не дозволи играње на овој меч, но тимот на Хапоел веќе е во Сараево. Хулиганите најавуваат мирен протест за утре пред салата.

- Оглас -

Најнови вести