Црвена ѕвезда синоќа славеше на гостувањето во Милано со 76:62 во дуел од Евролигата, а мечот го одбележа неверојатното додавање на искусниот Милош Теодосиќ.
Српскиот плејмејкер одлично го водеше својот тим низ целиот натпревар, а посебно ќе се памети „магијата“ што ја направи во втората четвртина, кога без гледање го пронајде слободниот Давидовац, кој без проблем погоди тројка. На социјалните мрежи почнаа споредби дека ова додавање на Теодосиќ, кој за два месеца ќе наполни 37 години, било во стилот на Лука Дончиќ, па Словенецот реши самиот да се јави со коментар.
„Јас не бев ни роден кога тој делеше вакви асистенции“, беше реакцијата на 23-годишниот Дончиќ покажувајќи почит кон многу поискусниот Теодосиќ.
I wasn’t born yet when he was already making those passes 😂😂 https://t.co/qIy3icj5kq
— Luka Doncic (@luka7doncic) January 12, 2024