„Тепачите“ од Мадрид без црвен картон ја освоија титулата во Шпанија

Атлетико Мадрид по пауза од седум години завладеа со фудбалот во Шпанија откако титулата ја осигура со победата од 2-1 над Валјадолид во последното коло.

Повторно од сезоната 2013/14 Јорганџиите на гостински терен ја освоија титулата, и повторно Уругваец го постигна клучниот гол. Пред седум години Диего Годин ги постави конечните 1-1 на „Камп ноу“ кои беа доволни за Атлетико да биде првак, а попладнево спасот се најде во Луис Суарес и неговиот гол за конечни 2-1 на „Зорилја“.

Овој успех на Атлетико е посебен од еден аспект. По третпат Јорганџиите успеаја да стигнат до титулата без при тоа да добијат црвен картон во сите 38 меча. На таков начин беа шампиони во сезоната 1969/70 и 1976/77, а вкупно петпати досега се случувало шампион да биде тимот кој цела сезона ја мина без исклучување на свој играч.

Фудбалерите на Атлетико се етикетирани како „тепачи“ во фудбалот поради тврдиот пристап, па иако сезонава собраа вкуно 87 жолти картони, од кои 15 му припаднаа на Стефан Савиќ, ниту еден играч не беше исклучен.

- Оглас -

Најнови вести