Тепачка во Србија: Калиниќ нападна кошаркар на Златибор (Видео)

Во вториот натпревар од четвртфиналната плејоф серија на Суперлигата на Србија, Златибор и Црвена ѕвезда вечерва во Чајетина одиграа драматичен дуел кој беше обележан и со општа тепачка на теренот кон крајот на првата четвртина. Сепак, и покрај тоа, главниот впечаток остана одличната игра на Златибор и историската победа над апсолутниот фаворит.


На крајот, 94-89 за Златибор, па патникот на фајналфор во Ниш ќе се одлучува во „мајсторка“ во Белград.

Во третата четвртина од натпреварот меѓу Златибор и Црвена ѕвезда во плејофот дојде до сериозен инцидент во кој учествуваа Калиниќ и Чибеј.

По еден жесток дуел за топката, ситуацијата брзо излезе од контрола, па двајцата кошаркари влегоа во физички конфликт и размениле неколку удари на теренот.

Во следните моменти реагираа и останатите играчи од двете екипи, кои притрчаа со цел да ја смират тензијата и да спречат поголема ескалација на инцидентот.

- Оглас -

Најнови вести