Тепачките во Аргентина се како добро утро: Сега ќотек си удрија полицијаци и фудбалери и тоа на терен (Видео)

Инцидентите во Аргентина на фудбалските натпревари зачестија, а нов и тоа голем со тепачка меѓу фудбалери и полицијаци имаше ноќеска, на мечот меѓу Баракас централ и Патронато.

Домашниот тим победи со 2:1, а гостите незадоволни од судењето се обидоа да се објаснат со главниот арбитeр, па се степаа со полицијата.

Претставниците на јавниот ред и мир влетаа на теренot за да го бранат судијата и влегоа во физички конфликт со фудбалерите на Патронато.

Patronato players fighting against the police after losing a match against Barracas Central with very controversial refereeing from soccer

Само неколку дена претходно и на второлигашкиот меч меѓу Нуева Чикаго и Алмиранте Браун имаше голема тепачка меѓу играчите, а потоа и меѓу навивачите и полицијата.

 

- Оглас -

Најнови вести