Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, заработи нова повреда за време на последниот тренингот на екипата.
Сериозноста на повредата ќе биде проценета подоцна оваа седмица, а таа би можела да влијае врз евентуалната позајмица на германскиот голман во друг клуб во јануари.
Тер Штеген го напушти тренинг-кампот на Барселона во Саудиска Арабија и се врати во Барселона на лекарски прегледи. Голманот на резервниот тим, Диего Кочен, ќе ѝ се приклучи на екипата за натпреварите од Суперкупот на Шпанија.
Во медиумите веќе се појавија информации дека Тер Штеген е блиску до позајмица во Жирона.

