Борусија Дортмунд со самиот пласман во финалето од Лигата на шампионите направи големо изненадување и веројатно никој не го очекуваше тоа од нив. Сепак, „милионерите“ со играта во Лондон покажаа дека не се случајно тука на мегдан против Реал Мадрид. На крајот, Реал победи со 2-0, а навивачите на Борусија разочарани се вратија во Дортмунд.
„Мислам дека одигравме одличен натпревар, можеби заслуживме и подобар резултат од 0-2. Имавме доминација, посебно во првото полувреме. Игравме против најјаката екипа во ова натпреварување и одигравме одлично. Им покажавме на сите дека тука не сме за да играме во финалето, туку за да победиме. Затоа разочарувањето е големо. Направивме многу добри работи, но единствената разлика помеѓу нас и Реал е тоа што тие имаа инстикт на убиец, а ние не.“ – вели тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ.
Хрватот роден во Германија во продолжение на својата изјава ја анализира играта во финалето.
„Ситуациите во кои правевме притисок не ги искористивме. Затоа Реал повторно е шампион. Имавме чувство дека добро стоиме во натпреварот, дека играме добро и бевме многу блиску. Видовме една Борусија која сите сакаат да ја гледаат. Доведовме 100.000 навивачи во Лондон со верба дека можеме да победиме. Навистина добро одигравме и тоа е она што треба да се памети од овој натпревар. Таа верба треба да ја носиме со себе. Дури и кога не оди се како што посакувате, не смеете да се откажете после првиот удар.“ – додава Терзиќ.