Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе има тежок пат до освојување на титулата на Мастерсот во Монте Карло.
Денешната ждрепка за првиот Мастерс 1000 на земјена подлога годинава го смести Ѓоковиќ во иста половина од костурот со Карлос Алкарас, додека на другата половина топ фаворити се Јаник Синер и Данил Медведев.
Ѓоковиќ ќе биде слободен во првото коло, а во второто коло ќе игра против Роман Сафиулин или квалификант. Во осминафиналето, Новак би играл со Тејлор Фриц, а во можното четвртфинале со Андреј Рубљов, кој лани го освои Мастерсот во Монте Карло.
Турнирот во Монте Карло почнува на 7 април, а Ѓоковиќ го освојуваше во 2013 и 2015 година. Србинот уште нема титула годинава.