Тешко ќе биде враќањето – Фудбалерите почнаа да се повредуваат

Тешко ќе биде враќањето на фудбалските терени, а предупредувањата дека треба многу да се внимава на повредите на играчите не се без основа.

Денеска Фортуна Диселдорф објави дека двајца фудбалери на германскиот прволигаш пријавиле повреди само по неколку дена откако беше дозволен камбек на тренинг на фудбалските комплекси.

Адам Бодзек, играчот од средниот ред на Фортуна, го оштетил мускулното влакно на ногата, а Зак Штефен има повреда на вкрстен лигамент на коленото.

Бодзек е капитен на тимот и е една од главните алки на составот што бие битка за опстанок, а Штефен само што се врати на теренот по повредата на коленото и сега повторно ја обнови.

Бундеслигата треба да продолжи на 9 мај, а остануваат да се доиграат уште девет кола. Фортуна со 22 бода е на 16-тото место, или трета одоздола на табелата, што би значело дека ќе треба да игра бараж со третопласираната екипа од Втората лига ако остане ваква позиција на табелата во двете најквалитетни германски лиги.

- Оглас -

Најнови вести