Пирло ќе почне со „Тешкото“ – Роналдо бара излез во ПСЖ, Де Лихт не игра три месеци

Андреа Пирло може да се соочи со сериозни проблеми на стартот од новата сезона и да го нема во составот на Јувентус главниот адут Кристијано Роналдо. Секако барем некој месец нема да може да смета на Матијс Де Лихт, кој го оперираше десното рамо и ќе отуствува околу три месеци.

Тоа ќе мине, но проблемот со Роналдо станува многу сериозен, а Тутоспорт објави дека Жорге Мендеш, агентот на Кристијано веќе почнал преговори со Пари Сен Жермен.

Роналдо беше еден од критичарите на Маурисио Сари, а на Мендеш не му се допаѓа одлуката на раководството на Старата дама да го именува неискусниот тренер Андреа Пирло за шеф на стручниот штаб.

Очекувано вчера беше сменет Сари, по елиминацијата на Јувентус од Лион во осминафиналето на Лигата на шампионите, а како бомба и големо изненадување оддекна веста дека дебитантот Пирло е именуван за наследник на Сари.

Пирло веднаш најави дека ќе има трансфер листа и тоа со најмалку 10 фудбалери, а сега главна цел ќе му биде да го убеди Кристијано Роналдо да ја продолжи авантурата во Јувентус и трета сезона по ред.

 

 

- Оглас -

Најнови вести