Екипата на Тетекс конечно ја прекина серијата без победа откако на свој терен со 3:0 славеше над Осогово во меч од 10. коло на Втора фудбалска лига на Македонија.
Тетовци еднаш погодија во првото полувреме, а победата ја потврдија со уште два гола во вториот дел.
Домашниот терен го искористи и Новаци кој немаше милост во дуелот против Горно Коњари и славеше со 7:0.
Шкендија од Арачиново даде еден гол и тоа беше доволно за победа на гости кај Победа. На гости се радуваше и Скопје кој со 2:1 победи против Каменица Саса. Победи пд 2:0 на гости забележаа и Охрид против Преспа, односно Беласица на теренот на Кожуф во Гевгелија.
Единственото реми беше меѓу Вардар Неготино и Слога Виница, а на крајот резултатот е 2:2.

