Тетекс, Слога и Шкендија Арачиново се нови второлигаши

Екипите на Тетекс, Слога Виница и Шкендија Арачиново се нови членови на Втората македонска фудбалска лига откако денеска славеа во баражите за место во второлигашкото друштво.

Тетовските Текстилци на стадионот во Ѓорче Петров, на пенали го победија Горно Коњари, откако во регуларниот дел беше 2-2. Тетекс водеше 2-0, а во 90-та минута прими два гола, па мораа да се шутираат пенали.

Шкендија Арачиново пред околу 5.000 гледачи во Кавадарци со 2-1 го совлада Осогово, па ги симна кочанци во ранг подолу.

Слога Виница се враќа во втора лига, во бараж дуелот на терените на ФФМ во Скопје со 3-0 беше подобра од Преспа.

- Оглас -

Најнови вести