Тевес: Моите фудбалери не знаат колку се 2+2

Поранешниот аргентински репрезентативец, Карлос Тевез, кој сега е тренер на Индепендиенте изјави дека дел од неговите фудбалери не знаат да собираат или одземаат.

„Заедно со мојот стручен штаб направивме експеримент, поточно вежба за брзина поврзана со неврологија. Кога гледаме дека играчите остануваат без здив, ги прашуваме да решат проста задача, да соберат два плус два. Тројца играчи ми рекоа дека не знаат да собираат или одземаат, а играат во првата лига“, изјави Тевез.

Според Тевез, токму тоа е најголемиот проблем на Аргентина.

„На децата можеме да им дадеме храна, материјална помош, но само со учење можеме да излеземе од сиромаштијата. Тие мора да живеат достоинствено и да знаат да се снаоѓаат. Најважно е да учат, да знаат да читаат и да знаат што потпишуваат. Затоа решивме да започнеме посебен проект во клубот кој ќе гарантира учител за секое момче“, вели Тевез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести