Екипата на ФМП Академија приреди првокласна сензација со победа од 100:98 против Пелистер и го елиминира лидерот во Првата лига, денеска во меч од четвртфиналето во националниот куп.
Веднаш потоа се одигра уште еден исклучително неизвесен меч, а Работнички во финишот успеа да го скрши отпорот на ТФТ Скопје и успеа со победа од 66:62 да се пласира во полуфиналето на националниот куп.
Драматично беше во завршницата, а подобро се снајдоа фаворитите и остаан во игра за пехарот.
Виктор Ефремовски со 17 поени беше најефикасен на мечот, а 15 поени постигна со пет погодени тројки. Американецот Питс забележа 16 поени кај победничкиот состав.
ТФТ Скопје одигра одличен меч, се покажа како жилав противник и со малку среќа можеше да приреди нова сензација. Амир Смит постигна 15 поени, а имаше и 11 скока.
Денеска се играат уште два меча од четвртфиналето, а играат Еуроникел и Гостивар, односно МЗТ Скопје со Куманово. Победникот од дуелот меѓу Еуроникел и Гостивар ќе игра со Работнички за пласман во големото финале, додека подобриот од мечот меѓу МЗТ Скопје и Куманово ќе му биде ривал на тимот на ФМП Академија.