Во неверојатно драматична завршница екипата на ТФТ Скопје загуби во „Градски парк“ од Широки со 87:86 во финалето на плејофот од АБА 2 лигата. По овој пораз, Широки стигна до посакуваната втора победа и тоа е тимот кој следната сезона ќе игра во АБА 1 лигата, а македонскиот тим останува да бара втора шанса за влез во елитата и тоа во дуел против Борац Чачак кој е на претпоследното место во АБА 1 лигата.
Во првите неколку минути двете екипи се менуваа во водство, а по водството на Широки со 13:12 следуваше многу подобра игра на ТФТ, па домашниот тим со серија од 11:3 стигнаа до предност од седум разлика (23:16). Во текот на целата втора четвртина скопскиот тим ја имаше контролата на резултатот, а највисокото водство го имаше со 11 поени (41:30).

Двоцифрена предност ТФТ имаше и во третата четвртина кога беше 57:47. Водеше ТФТ и со 61:52, но Широки со серија од 9:0 стигна до израмнување, што беше најава за неизвесна последна четвртина. ТФТ водеше со 69:63, а потоа гостите со низа од 10 поени по ред, стигна до предност од 73:69.
Следуваше резултатска „клацкалка“. ТФТ возврати со пет поени во низа за предност од 74:73, а потоа Широки со седум поени по ред ја превзема предноста (80:74). Во последната минута се влезе со резултат 80:82 за гостите, кога Вујановиќ погоди тројка, а потоа Ташковски и Дејвис ги промашија шутевите од далечина, но тоа не беше крајот. Беа погодени две слободни фрлања, па гостите имаа загубена топка, а беше досудена неспортска лична за гостите.
Ташовски ги погоди двете слободни фрлања и намали на 85:84 на 23.9 секунда до крајот и топка за ТФТ во последниот напад. Говенс погоди за водство на ТФТ на 9 секунди до крајот.
Широки изведе напад во кој Прајс постигна два поени на 4,2 секунди до крајот, за водство на гостите од 87:86, а во последниот напад ТФТ не успеа да погоди тројка од неизградена позиција, па на крајот, гостите се радуваа.


