24.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Тибо Куртоа нема да брани за Белгија против Македонија

Белгиската фудбалска репрезентација се соочува со голем проблем пред првите два меча во квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. Белгија на 6 јуни ќе гостува во Скопје на Македонија, а три дена подоцна ќе го пречека Велс, а во составот ќе го нема првиот голман Тибо Куртоа.

Ѕвездата на Реал Мадрид се пожалил на болки во грбот и како што известуваат од Реал Мадрид, потребно е Куртоа да мирува една недела. Тоа значи дека голманот нема да брани за Белгија во Скопје против Македонија и на дуелот со Велс на свој терен.

И без Куртоа, Белгија е голем фаворит за победа на дуелот против Македонија.

- Оглас -

Најнови вести