Тие живеат за кошарката: За 48 часа ги распродадоа сите билети за следната сезона

Кошаркарскиот клуб Панатинаикос информираше дека ги распродде сите достапни сезонски билети за следната сезона. За помалку од 48 часа, гигантот од Атина ги продал сите 15.000 сезонски билети за сезоната 2025/26.

„Нашите навивачи побрзаа да си обезбедат свое столче во арената „ОАКА“ за сезона која следи. Со тоа, тие уште еднаш ја докажаа својата непоколеблива верба и љубов кон тимот. Ви благодариме за вашата континуирана поддршка. Заедно продолжуваме да создаваме историја. Чиста страст, чисто лудило. Ви благодариме што уште еднаш ја докажавте вашата лојалност. Ви благодариме што направивте историја. Ви благодариме што овие бројки ги направивте реалност“, се вели во соопштението на клубот од Атина.

Панатинеиикос е актуелен освојувач на трофејот во Евролига, а сезонава во четвртфиналето за противник ќе го има тимот на Анадолу Ефес.

- Оглас -

Најнови вести