Гвадалахара Чивас – Тигрес (2:00 ч.)
Домаќините се очајни. Имаат 13 порази во последните 15 мечеви, па тешко дека ќе можат да парираат на клуб каков што е Тигрес. Ова е ново првенство во Мексико, одиграно е само едно коло, а Тигрес на стартот победи со 4:2. Во меѓусебните дуели, Тигрес победи пет пати, а еден меч заврши нерешено. Интересно е што на шест од тие натпревари, немало повеќе од два гола.
Гостите треба да ја искористат фаворитската улога.
Предлог тип: Х2&0-2 (1.97)
Санта Лагуна – Хуарез (1.45 ч.)
Убедлива победа од 3:0 во првото коло за Санта Лагуна пред своите навивачи, па домаќините ќе сакаат да продолжат во ист ритам. Хуарез е тим кој во четирите досегашни меча со овој ривал нема ниедна победа, па тешко дека сега може да се очекува гостите да се радуваат.
Тоа што е сигурно за овие мечеви е дека треба да се очекуваат погодоци. На досегашните четири меѓусебни дуели секогаш имало барем по два гола.
Предлог тип: 1&2-5 (2.20)
Гојас – Атлетико МГ (00:00 ч.)
Домашниот терен има значајна улога, посебно кога се работи за мечеви на Гојас. Пред своите фанови, овој тим во пет меча има четири победи и само еден пораз. И Атлетико игра без многу калкулации па три победи и два неуспеси има на гости сезонава, без реми.
Атлетико посебно е познат како тим кој игра отворено и напаѓачки, а и меѓусебните дуели охрабруваат дека може да се игра на погодоци и да се тресат мрежите во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)
Форталеза – Коринтијанс (00:00 ч.)
За Коринтијанс најважно е да не прими гол, па ако може во нападот да искористи грешка на противникот, да се израдува на погодок. Затоа и гол-разликата му е 9:6 по 10 одиграни средби. Форталеза се мачи кога игра против Коринтијанс, па во досегашните осум меѓусебни средби има дури шест порази, едно реми и само една победа, но последен пат играле пред повеќе од една деценија.
Домаќините ќе имаат голем мотив, но сепак гостите се фаворити.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.18)