Тихо Костадинов се јави од болница, операцијата е успешна! (Фото)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Тихомир Костадинов, беше опериран во клиника во Барселона, и на социјалните мрежи се јави од болнички кревет со позитивни вести.

Хируршкиот зафат е успешен и веруваме дека Тихо ќе се врати на фудбалските терени кон крајот на годинава.

Костадинов на меч од полската лига, ги скина предните вкрстени лиаменти на коленото, што е една од најтешките повреди за еден спортист, па му претстои повеќемесечна рехабилитација и пауза од фудбалски активности.

Поддршка му дадоа и неговите соиграчи од Пјаст Гливице.

- Оглас -

Најнови вести