10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Тиквеш и Струга ТЛ со идентични победи на гостувањата кај Работнички и Македонија ЃП

Струга Трим Лум се искачи на врвот на табелата во Прва фудбалска лига откако со 2:0 победи на гостувањето кај Македонија во Ѓорче Петров. Ова беше дуел во рамките од 12-тото коло, по кое Струга ТЛ има 29 бода и сега е на чело на табелата, пред Вардар, кој има 27 бода, но и меч помалку, тој против Пелистер утре во Битола.

Рочи во 32-рата минута погоди за водство на гостите, а победата беше потврдена со голот на Компаоре од пенал во 62-рата минута. Македонија ЃП остана на 14 бода и е на осмото место на табелата.

На другиот крај од Скопје, односно на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, Тиквеш со 2:0 беше подобар од Работнички. Овој меч беше решен во последните 25 минути. Најпрво Миловановиќ искористи кикс на одбраната на Работнички и погоди за водство од 1:0 на гостите од Кавадарци.

Сите дилеми беа решени кога Стојковски со прекрасен гол со волеј удар од над 20 метри зголеми на 2:0. Работнички имаше шанса да донесе неизвесност, но Асани промаши пенал во 90-тата минута.

Тиквеш остана на деветото место, но сега има 12 бода, додека Работнички ја продолжи кризата и има само седум бода, што е доволно за претпоследната позиција на табелата.

- Оглас -

Најнови вести