16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Тим основан пред една година го освои фудбалскиот куп во една европска земја

Неверојатна фудбалска приказна беше испишана во литванскиот фудбал откако екипата на Трансинвест го освои трофејот во Купот. Клубот кој доаѓа од предградието на главниот град Вилнус успеа да стигне до овој значаен пехар, и тоа само по една година од формирањето.

Приказната за Галинес Трансинвесто фудбал клуб започна во декември 2021 година, кога било поднесено барање за играње во третата лига на литванскиот фудбал. Ова барање било одобрено и во сезоната 2022/23 екипата на Трансинвест влезе во третата лига на местото на ВГТУ Вилкаи, од кого и ја презеде лиценцата.

Спонзорот на клубот најави амбициозен план, но никој не веруваше дека може да се стигне до ваков успех. Уште во првата сезона Трансинвест на доминантен начин стигна до првото место во Третата лига, и тоа со биланс од 16 победи и само едно реми и гол разлика од 77 дадени и 11 примени голови.

Со тоа Трансинвест се пласираше во Втора лига, каде што доминира сезонава. На шест кола до крајот, екипата е убедлив лидер на табелата со 60 бода, дури 14 повеќе од второпласираниот Невежис. Тоа значи дека само формално Трансинвест треба да ги доигра последните шест кола и да обезбеди место во елитното фудбалско друштво на Литванија.

Круната на оваа неверојатна фудбалска приказна се случи вчера, кога Трансинвест играше во финалето на Купот. Противник им беше прволигашот Сијаулијаија. По првото полувреме, прволигашот кој важеше и за фаворит имаше предност од 1:0, но Трансинвест во вториот дел успеа да направи пресврт и со два погодока стигна до триумф од 2:1 и историски успех освојувајќи го првиот пехар.

- Оглас -

Најнови вести