Сингапурски тим со играчи до 14 години разби германски шестолигаш со 27-0

Необична фудбалска вест дојде од Германија, каде што на еден пријателски меч кој траеше 80 минути, кадетска екипа од Сингапур составена од момчиња до 14 години постигна дури 27 голови против екипа која се натпреварува во шестата германска лига.

Лион сити сејлорс, кој е првак на Сингапур за играчи до 14 години, со 27-0 го прегази Линер СВ, кој исто така има претежно млади играчи, но се натпреварува во сениорска конкуренција и тоа во фудбалска земја како Германија. Првиот гол падна уште во 40-тата секунда, а по првото полувреме резултатот беше 16-0.

Морнарите имаат договор за соработка со Борусија Дортмунд и не е исклучено некој мегаталент од Сингапур да премине во редовите на некогашниот европски шампион.

- Оглас -

Најнови вести