Тимот се бори за влез во Суперлига, навивачите им даваат неверојатна поддршка (Видео)

Екипата на Бурсаспор во Турција игра во полуфиналето од плеј-офот за влез во Суперлигата, а ако се гледа какви навивачи има овој тим, сигурно заслужува да влезе во елитата. Бурсаспор во првиот меч од полуфиналето одигра 0:0 на свој терен против Адана и на реваншот на гости ќе мора да дадат гол и да не загубат, за да обезбедат место во финалето од плејофот.

Ако се знае дека дуелот во Бурса заврши без голови, најголем впечаток остави поддршката што навивачите ја дадоа на своите миленици пред мечот. На последниот тренинг, фановите на Бурса беа на трибините и приредија фешта со факели.

Бурсаспор и пред само еден месец беше во центарот на вниманието благодарение на навивачите кои на атрактивен начин го прославија 57-иот роденден на клубот и 10-годишнина од освојувањето на единствената титула. Таа фешта може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести