Тимот за кој никој не веруваше дека ќе биде лидер во Бундеслигата, повторно победи

Екипата на Унион Берлин продолжува со блескави игри, откако на свој терен со 2:0 славеше над Волфсбург. По првото полувреме немаше голови, а во вториот дел домашните навивачи се израдуваа на два погодоци кои беа доволни за нивниот омилен тим повторно дасе врати на врвот на табелата во Бундеслигата.

Унион Берлин има 17 бодови и е единствениот тим без пораз сезонава (пет победи и две реми). Изненадувачки е фактот дека актуелниот првак и најтрофеен клуб Баерн Минхен има само 12 бодови од седум средби и веќе заостанува пет бода зад неочекуваниот лидер.

До 1 октомври сега следува пауза во Бундеслигата, што значи дека Унион Берлин ќе спои два месеци во кои може да се гордее дека бил лидер во едно од најсилните првенства во светот.

- Оглас -

Најнови вести