Тинејџер го сруши 22 години стариот рекорд на Болт!

Јамајка е позната како земја која со години наназад ги дава едни од најдобрите спринтери во светот. Јусејн Болт е легенда на светската спринтерска атлетика, човек кој суверено веќе со години ги држи рекордите во најкратките дисциплини на 100 и 200 метри.

Во Јамајка сега се појавува нов голем талент, а тоа е 16-годишниот Ник Брамвел. Овој средношколец успеа да сруши еден не толку светски познат рекорд нa Болт. Талентираниот Брамвел го сруши рекордот на Болт на ЦАРИФТА игрите, натпреварување на карипските земји од каде што и доаѓаат најбрзите спринтери.

Се работи за трката на 400 метри, патека која Брамвел ја истрча со време од 47,26 секунди што беше доволно да го сруши рекордот на Болт од Игрите во 2002 година, кога истрча 47,33 секунди.

„Прекрасно е чувството да се собори рекорд. Уште од минатото лето бев фокусиран на овој рекорд и одлично е чувството што успеав да го соборам“, задоволно коментираше младиот Брамвел по трката.

 

- Оглас -

Најнови вести