Тинејџер испиша историја за Спортинг, па се расплака од среќа (видео)

Спортинг вчера со минималните 1-0 го продолжи походот кон титулата во Португалија, а во средбата се испиша историја за Лавовите од Лисабон.

Талентираниот играч за врска Дарио Есуго, се запиша во рекордните книги како најмлад дебитант во клупската историја со само 16 години и пет дена. Тинејџерот влезе во игра во 84-тата минута на местото од Жоао Марио, во моменти кога средбата беше решена со голот на Инацио од првото полувреме.

По мечот, емоциите преовладоа, па Есуго се расплака на теренот, додека соиграчите му честитаа за неговото достигнување.

- Оглас -

Најнови вести