Канадската пливачка, Самер Мекинтош за само неколку дена, по втор собори светски рекорд, иако има само 16 години.
Таа на националните квалификации за настап на претстојното Светско првенство, утринава го собори рекордот на 400 метри мешано кој досега беше во сопственост на легендарната Унгарка, Катинка Хосу.
https://twitter.com/i/status/1642303159811932161
Најновото најдобро време на 400 метри мешано изнесува 4:25,87 минути, што е за 49 стотинки подобро од тоа на Хосу.
Мекинтош пред три дена го собори светскиот рекорд на 400 метри слободно кој дотогаш го држеше Ариарне Титмус од Австралија.