3.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Тинејџерот на Баерн испиша историја во ЛШ, баварскиот гигант победи (Видео)

Баерн Минхен со 3:1 славеше над Спортинг во меч од шестото коло во Лигата на шампионите. За германскиот првак ова е петта победа и сега е чекор понапред кон остварување на целта, а тоа е да обезбеди директен пласман во осминафиналето. Воопшто не беше лесно Баерн да ги освои трите бода, иако беше голем фаворит против Спортинг.

Откако по првото полувреме немаше голови, Кимих си постигна автогол во 54-тата минута за неочекувано водство на гостите. Сепак, доволно беа 30-тина минути за Баерн да направи целосен пресверт и да се радува на „Алијанц арената“. Серж Гнабри израмни на 1:1 во 65-тата минута.

Само четири минути подоцна Баерн постигна и втор гол. Младиот 17-годишен Ленард Карл погоди и влезе во историјата на Лигата на шампионите. Со 17 години и 290 дена Карл е најмладиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на три меча по ред во Лигата на шампионите. Освен вечерва, Карл погодуваше и на дуелите против Клуб Бриж и против Арсенал.

Да нема неизвесност до крајот се погрижи Џонатан Тах, кој даде гол за 3:1 во 77-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести