Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е во тек. Триесет и второто коло воедно е и последно за оваа седма сезона, па ова ќе биде последната шанса за играчите да го поправат својот пласман и да дојдат до вредни подароци од Sport Life.
Неколку интересни натпревари се играат викендов, а она што паѓа во очи е очекувањето на играчите дека Милан и Баер Леверкузен ќе загубат. Милан откако беше поразен во финалето од Италијанскиот куп, има доверба само од 20%, додека 55% од типувачите очекуваат пораз на Црвено-црните, односно победа на Рома.
Во слична ситуација е и Баер Леверкузен, во чија победа веруваат 27% од играчите. За разлика од нив, најсигурна е победата на Лестер над Ипсвич, во што веруваат дури 78% од играчите на Спортската прогноза. Сличен процент од 77% доверба имаат и Мајорка и Осасуна.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.