17.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Типувачите одлучија само за еден ден: Челзи нема да го победи Ливерпул, во Торино ќе биде нерешено

Типувањето за новото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е отворено, а на играчите им беа потребни само 24 часа за да го најават исходот на најинтересните натпревари од претстојниот викенд.

Само 20% од типувачите на Спортската прогноза веруваат во победа на Челзи над Ливерпул, додека преостанатите 80% очекуваат или реми или победа на Црвените.

Очекувањата за дербито на Серија А помеѓу Јувентус и Милан се дека ќе биде „икс“, односно нешто над 40% од типувачите одиграле на нерешено во Торино.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести