Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, започна пред само 24 часа, а веќе се насетува исходот од викенд натпреварите.
Дури 52% од играчите веруваат дека Реал Мадрид ќе го добие Ел Класико и ќе ја победи Барселона. Победа на „каталонците“ очекуваат 28% од типувачите, а реми 20%.
Дерби меч се игра и во Серија А. Наполи го пречекува Интер во битка за врвот на табелата, а 46% од играчите очекуваат дека натпреварот ќе заврши нерешено. 35% му даваат предност на Интер, а 19% веруваат во победа на Наполи и Елиф Елмас.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.