Типувачите веќе имаат фаворити: Њукасл, Јунајтед и Сити се сигурици за викендов

Пред само 24 часа беше отворено типувањето за новото коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, а играчите веќе ги имаат своите фаворити. Сигуриците за викендов треба да се бараат во Премиер лигата бидејќи дури три натпревари од ова првенство имаат фаворит во којшто веруваат голем процент од играчите.

Дербито на колото е дуелот помеѓу Манчестер сити и Арсенал, а во Граѓаните веруваат дури 71,43% од типувачите на Спортската прогноза. Најголем процент за победа има Манчестер јунајтед, кој овој викенд ќе гостува кај Кристал палас. Дури 80.09% од играчите веруваат во гостинска победа на Црвените ѓаволи, а голем процент за победа на гости има и Њукасл во дуелот против Фулам.

Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести