Типувајте како ќе заврши дербито Пелистер – Вардар во бесплатната Спортска прогноза

Во новото, 25-то коло од седмата сезона на Спортската прогноза има и македонски дуел. Тоа е „вечното дерби“ меѓу Пелистер и Вардар, кое е закажано за в сабота, од 15 часот. Сите љубители на бесплатната Спортска прогноза во Sport Life имаат доволно време да ја одиграат својата омилена игра.

Пелистер во моментов е подобро рангиран од Вардар на табелата, но Црвено-црните речиси комплетно го реновираа тимот, па сега се многу поконкурентни.

Освен дербито на македонското првенство, тука се уште 12 други натпревари од Топ 5 лигите од Европа. Во сабота предизвик за типување ќе биде дуелот од Бундеслигата меѓу Борусија Менхенгладбах и Лајпциг, додека во недела Валенсија ја пречекува Мајорка во Шпанија, а во Италија е закажана пресметката меѓу Наполи и Милан.

Главна цел, секако, е да се стигне до Среќна 13-ка, односно да се погодат сите 13 фикса.

Прогнозерот кој тоа ќе успее да го направи, односно да биде перфектен без ниту една грешка, ќе има можност да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени се добива вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести