Почетокот на натпреварите Хајденхајм – Аугзбург и Волфсбург – Лајпциг во 15.30 часот е крајниот термин до кој може да се вклучите со ваши прогнози на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.
Голем број играчи веќе го наоравија тоа и ќе чекаат да добијат некој од подароците.
Реал Мадрид и Јувентус се денешните дерби фаворити на мнозинството играчи на Спортска прогноза, а утре голем број прогнозери чекаат победа на Арсенал над Њукасл.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари од основната понуда, без резервните парови, на подарок ќе добие iPhone 16. За 12-ка следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.