Судирот на Титаните што го креира Sport Life за финалето на Мундијалот во Катар ќе биде посветен на двете мегаѕвезди, Лионел Меси од Аргентина и Килијан Мбапе од Франција.
Тие од 16 часот во недела ќе бидат главните фактори во битката за Златната Божица, односно највредниот пехар во светот на фудбалот, а ќе одлучуваат во директна битка и кој ќе ја освои Златната мундијалска копачка.
Мбапе со Франција го брани пехарот, освоен во Русија во 2018 година, а Меси атакува на првата своја шампионска светска круна.
И двајцата имаат постигнато по 5 гола и се лидери на листата со најдобри стрелци, а Лео има предност пред стартот на финалето бидејќи според вториот критериум, ако останат израмнети со Мбапе со голови, тој е во предност бидејќи има 3 асистенции, една повеќе од ривалот и соиграч од Пари Сен Жермен.
Sport Life подготви извонредна специјална понуда за Судирот на Титаните, а има безброј игри на кои можете да се обложувате.
Имате опција да тилувате дали Меси или Мбапе ќе бидат прогласени за играч на мечот.
Има варијанта Лео или Килијан да бидат и асистенти и стрелци на гол(ови), на кој начин ќе постигнат гол, дали ќе дадат хет-трик и уште многу игри.
Посебно интересна е понудата што директно ги соочува двајцата врвни фудбалери, а има опции да се обложувате кој од нив прв ќе даде гол, ќе асистира за погодок, ќе биде во офсајд, ќе биде заменет, ќе добие жолт и црвен картон.