Титулата за Меси, Роналдо е во најлошиот тим на Мундијалот, а има и еден Аргентинец што комплетно потфрли

Ривалството меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо на Мундијалот во Катар заврши со апсолутна победа на Аргентинецот, кој конечно ја освои својата прва светска круна, за разлика од Португалецот, кој заврши во најлошиот тим на турнирот.

Меси слави светска титула и ја доби Златната топка за најдобар играч на Светското првенство, а неговиот голем ривал Роналдо е првата ѕвезда на најлошиот тим на Мундијалот.

Со него е и Лаутаро Мартинес, кого не го спаси ниту податокот што е член на новиот светски првак Аргентина, па и тој се најде во тимот што сите сакаат да го избегнат и е најлош на турнирот.

Голман е Менди од Сенегал, лани прогласен за најдобар чувар на мрежата на светот во изборот на ФИФА.

Во одбраната се: Полјакот Глик, Дијало од Сенегал, Дест од САД и уште еден полски репрезентативец, Бережински.

Ирвајн од Австралија, Ин-Хванг од Јужна Кореја, Швајцарецот Варгас и Австралиецот Леки се во средниот ред, а Роналдо и Лаутаро Мартинес го предводат нападот на најлошиот тим на шампионатот.

 

- Оглас -

Најнови вести