Стрелците во првото полувреме од четирите меча од 26-тото коло во Премиер лигата кои се играат од 16 часот, не беа расположени за давање голови.
Единствено голови имаше на натпреварот кој се игра на „Вила парк“ каде Астон вила по првиот дел води со 3:1 против Нотингам форест. Оли Воткинс уште во четвртата минута го отвори резултатот, а потоа на сцена стапи Даглас Луис.
Бразилецот ги постигна другите два гола. Прво во 29-тата минута погоди за 2:0, а десет минути подоцна зголеми на 3:0. Во последните моменти од првиот дел, Нотингам успеа да намали со голот на Ниакате.
На останатите натпревари, Брајтон – Евертон, Кристал палас – Барнли и Манчестер јунајтед – Фулам, немаше голови по првото полувреме.