Легендата на Арсенал и актуелен ТВ коментатор, Тjери Анри, изјави дека тимот на Комо игра најдобар фудбал во италијанското првенство. Овој италијански калчолигаш има одлични резултати во 2026 година.
Комо го победи Лацио на гости со 3:0, ремизираше со Аталанта 0:0, пото на „Сан Сиро“ одигра 1:1 против Милан, а го победи Јувентус во Торино со 2:0. Тука треба да се додадат и победите во Купот на Италија и тоа на гости кај Фиорентина и елиминацијата на Наполи на „Диего Армандо Марадона“.
Токму затоа, Анри смета дека Комо го игра најдобриот фудбал во моментов во Италија.
„Веќе подолго време го зборувам истото. Тоа е екипата која го игра најдобриот фудбал во Италија во моментов. Можеме да разговараме за буџетите и квалитетот на тимот, но ова е моменталната ситуација. Минатата недела веќе ме прашавте каде се италијанските тимови и за жал ситуацијата е јасна“, рече Анри.
Комо ќе игра во полуфиналето на Купот на Италија, а во првенството моментално е на шестото место со 45 бодови.

