Тоа би бил најголем трансфер во историјата на српската лига, Ѕвезда ја одреди цената за српскиот Меси

Неколку големи европски клубови, во прв ред Ливерпул, се заинтересирани за српскиот Меси како што е прекарот на Андрија Максимовиќ, а од Црвена ѕвезда денеска открија за колку пари би го продале својот 17-годишен талент.

Првиот човек на клубот, Звездан Терзиќ, рече дека цената за Максимовиќ е фиксна и таа изнесува 20 милиони евра.

Доколку Ѕвезда го продаде Максимовиќ за 20 милиони, тоа би бил рекорден трансфер во историјата за играч од српската лига. Рекордот во моментов го држи Матеја Кежман кој во 2000 година од Партизан прејде во ПСВ за 30 милиони германски марки, што е околу 15 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести