Тодибо е играчот на Барселона кој е позитивен на ковид-19

Дефанзивецот Жан-Клер Тодибо е играчот позитивен на ковид-19 во редовите на Барселона. Шпанскиот вицепрвак вчера потврди еден позитивен случај од девет тестови на играчи кои не се дел од тимот за ЛШ, но ги започнаа подготовките за новата сезона.

Тодибо до неодамна беше на позајмица во Шалке, но се врати на „Камп ноу“ откако бундеслигашот не ја употреби опцијата да го откупи неговиот договор. Младиот Французин веќе е сместен во домашна изолација и нема симптоми, што значи дека е во добра здравствена состојба.

Барселона во меѓувреме се подготвува за четвртфиналната пресметка против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, дуел кој е закажан за утре во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести