Селекторот Александар Тодоров сакаше да бара позитивни нешта во поразот, не критикуваше поединци, но свесен е дека слабата одбрана во првото полувреме го одреди текот на средбата.
„Не заслуживме да победиме, но тоа што се боревме, ми покажа дека овој тим во ноември ќе се бори до крај во Талин. Се надевам дека ќе бидеме попаметни кога ќе гостуваме во Естонија и ќе победиме со поголема разлика. Не мислам дека не бевме психолошки неподготвени, но во таа втора четвртина бевме безидејни, немавме контрола. На полувремето зборувавме дека не може на свој терен да играме како гости, но на 10 разлика утнавме три напади, ќе можевме да влеземе во поегал завршница. Нашиот стил на игра е тој, со многу шутеви за три поени, но Естонците погодуваа повеќе и од тешки позиции“, изјави селекторот Тодоров.
„Игравме добро во второто полувреме, ова е спорт со две полувремиња. Естонија е добар тим, го знаевме тоа, се боревме до крај. По првото полувреме знаевме дека нешто мора да направиме и да се вратиме. Младите покажаа што можат“, рече Шејн Витингтон.
„Среќни сме за победата, имавме тимски дух, го контролиравме мечот. Но, ова е само еден меч, има уште долг пат до нашта цел, пласман на ЕП 2021. Одиграв добро во напад, фатив ритам и уживав во мечот“, рече Кристијан Куламае, кој даде 31 поен.
Естонскиот селектор Јука Тоијала рече дека Македонија покажала карактер во второто полуврем, и задоволен беше што го запреле Ненад Димитријевиќ во првото полувреме и што ни ги нашле слабите точки.
Во вториот меч од нашата група, Италија убедливо ја совлада Русија.
„Во Русија одиме без Димитријевиќ кој има повреда“, откри Тодоров.