Тој што ќе го запре Меси, ќе стане бессмртен во Славија

Тренерот на Славија Прага, Јинжих Трпишовски, пред соочувањето на неговиот тим со силната Барселона, рече дека индивидуалниот квалитет на поединци како Меси или Суарес, е големата предност на каталонците.

„Го гледав мечот со Еибар кој го одлучи индивидуалниот квалитет. Еибар беше подобар 15 минути, но беше казнет. Против Барселона мора да се користат шансите. Ова е спорт, се игра 11 против 11, мора да бидеме оптимисти. Минатиот пат кога Барселона гостуваше во Прага во 2011 година против Викторија Плзен, јас не бев ниту на стадион, гледав на телевизија, а Меси даде три гола. Тој е фудбалски гениј. На моите играчи им реков дека тој што ќе го запре Меси, ќе стане бессмртен“ – изјави Трпишовски.

- Оглас -

Најнови вести