Манчестер Јунајтед покажува интерес за францускиот репрезентативец Корентин Толисо, кој настапува за Лион. Според информации на „Л’Екип“, англискиот гигант веќе воспоставил контакт со претставници на играчот, како и со клубот.
Толисо, кој има 30 години, веќе одбил две понуди од турски клубови ова лето, но трансфер во Премиер лигата може да биде поатрактивна опција за искусниот играч од средниот ред.
Лион би сакал да го задржи Толисо и да го изгради тимот околу него во следната сезона, но неговата висока плата е товар за буџетот на клубот и токму тој момент би можел да го олесни евентуалното заминување.
Ситуацијата ја следи и Атлетико Мадрид, кој исто така е заинтересиран. Французинот е проценет на околу 10 милиони евра.