Толку беше од Лино Червар

Лино Червар најави дека финалето против Шпанија бил последен меч за него како селектор на Хрватска на големите натпреварувања.

„Благодарен сум на сите медали кои ги имаме освоено. Не можам да се пожалам. Можам гордо да погледнам низ мојата кариера. Пораснав во мало градче и успеав да постигнам многу. Благодарен сум им на сите играчи и на сите помошници кои сум ги имал. Сите тие се прекрасни луѓе. Јас повеќе нема да ја водам Хрватска на Европско или Светско првенство“, рече Червар.

Иако во финалето Хрватска загуби од Шпанија, Червар беше задоволен од постигнатото на ЕП.

„Треба да бидеме задоволни. Ова беше рововска битка. Тие имаа повеќе искуство, а ние имавме многу проблеми. Ни фалеше Циндриќ, надворешните играчи не беа расположени, а одбраната на Шпанија беше многу цврста. Поткркнавме во последните пет минути. Им честитам на сите мои играчи за тоа што го направија во текот на целиот турнир“, додаде легендарниот Лино Червар.

- Оглас -

Најнови вести