Толку од Сетјен, клупската легенда на готовс да ја преземe Барселона

Кике Сетјен ја загуби довербата кај играчите, но и кај управата на Барселона по двете врзани ремија во шпанското првенство кои резултираа со доделување на челната позиција на Реал Мадрид. На шест кола до крајот на Ла Лига, Каталонците ќе треба да бркаат минимална бодовна негатива за да ја одбранат титулата, а потфрлување во таа мисија ќе значи крај за авантурата на Сетјен на „Камп ноу“.

Иако дојде да го гаси пожарот во јануари по отказот на Ернесто Валверде, резултатите покажаа дека Сетјен не е за големи нешта и од две и пол годишниот договор кој го потпиша ќе одработи само шест месеци. Шпанските медиуми тврдат дека ниту освојување на шпанската титула нема да биде доволна причина за Сетјен да си ја спаси работата, па можно е Каталонците со нов стратег да продолжат во Лигата на шампионите во август.

Расплетот со нетрпение го чека клупската легенда Чави Ернандес. Некогашниот играч за врска на Барса истакна дека тој и неговиот стручен штаб напорно работат за да бидат подготвени да одговорат на повикот од „Камп ноу“ со цел да си го оствари сонот да го предводи матичниот клуб. Токму Чави зимата одби да биде замена за Валверде, по што Сетјен доби прилика да се докаже, а тој „дил“ не вроди со плод.

Барселона во следното коло ја очекува дерби против Атлетико Мадрид, во кое триумф е единствена опција за Сетјен и екипата, во спротивно може да се збогуваат со титулата оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести